27 Октомври, 2020
0.0206

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели

Објавено во: Економија 20 Септември, 2020

Либерално-демократската партија најави дека мерката „Викенд без ДДВ“ е нивни проект за справување со економските последици предизвикани од пандемијата и дека истиот ќе се реалзира во наредните неколку недели, односно како што велат од таму, граѓаните во овој период ќе ги почувствуваат неговите придобивки.

„Во наредните недели, благодарние на учеството на ЛДП во Владата и на добрите економски политики кои ги водат коалиционите партнери на власт, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од овој проект.“, велат од коалициониот партнер на владеачкото мнозинство.

Од таму велат дека тоа е нивни предлог од 2008, а не на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Викенд понудата без ДДВ нуди поволности за потрошувачите, кои добиваат можност да не го оптовараат семејниот буџет, а воедно полза имаат и трговците, кои имаат можност да ја зголемат својата добивка“, велат од таму.

Оваа мерка беше споменувана уште пред изборите како дел од најавуваниот четврт пакет за помош на стопанството, а единствео досега вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека тој ќе опфаќа неколку викенди.

Можеби ќе ве интересира

Пензии од денеска во групи

Пензии од денеска во групи

Менаџерски промени во Триглав осигурување Живот - Вилма Учета Дузлевска нов Генерален Директор

Менаџерски промени во Триглав осигурување Живот - Вилма Учета Дузлевска нов Генерален Директор

Јани Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта

Јани Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта

Од кај нас ќе си купат куп пива и шетаат по паркови, групирање има и по бензински и пекарници - УГОСТИТЕЛИТЕ ЛУТИ НА ВЛАДАТА

Од кај нас ќе си купат куп пива и шетаат по паркови, групирање има и по бензински и пекарници - УГОСТИТЕЛИТЕ ЛУТИ НА ВЛАДАТА

Сопственикот на странскиот инвеститор „Саген“ вмешан во тежок скандал во Албанија

Сопственикот на странскиот инвеститор „Саген“ вмешан во тежок скандал во Албанија

Кој на своите бензиски пумпи направи профит од 2,3 милиони евра за три месеци?

Кој на своите бензиски пумпи направи профит од 2,3 милиони евра за три месеци?

Бизнисменот Кирил Лазаров регистрира три нови компании за еден ден

Бизнисменот Кирил Лазаров регистрира три нови компании за еден ден

Бесими: Раст од 4% догодина и среднорочна рамка за предлог-буџетот за 2021

Бесими: Раст од 4% догодина и среднорочна рамка за предлог-буџетот за 2021

Нови цени на горивата од полноќ - има мало поевтинување

Нови цени на горивата од полноќ - има мало поевтинување