25 Април, 2024
0.0284

Легендарниот композитор Енио Мориконе почина на 91 година откако го скрши колкот

Објавено во: Свет 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Италијанскиот композитор и диригент Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст, јавуваат италијанските медиуми.

Оскаровецот музичар и композитор почина ноќта помеѓу 5 и 6 јули во римска клиника како резултат на пад, при што го скршил колкот. „Corriera della sera“ пишува дека погребот ќе се одржи во кругот на семејството - „во духот на чувството за смирение кое отсекогаш ги инспирирало делата на неговото постоење“.

Неговата рана кариера вклучуваше симфониска и камерна музика, а тој ја изградил својата репутација пред се со пишување музика за филм, но и за театар и телевизија. Составил и уредувал дела за повеќе од 500 филмски и телевизиски продукции.

Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните 50-ти. Тој е добро познат по долгогодишните соработки со меѓународно признатите режисери како Серџо Леоне, Брајан де Палма, Бери Левинсон и Џозепе Торнаторе.

Најзапаметен е по музиката за легендарните вестерн филмови „За неколку долари“, „За еден долар повеќе“, „Добриот, лошиот и грдиот“ и „Беше еднаш на дивиот запад“. Во 80-тите години, Мориконе компонираше дела за хорор филмот „Џонсон Карпентер“, „Суштеството“, „Беше еднаш во Америка“ и „Парадизо“.

Мориконе го доби почесниот „Оскар“ од Американската филмска академија во 2007 година, а во 2016 година „Оскарот“ за музика за филмот на Квентин Тарантино „Омразениот осум“.


Можеби ќе ве интересира

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции