08 Август, 2020
0.0379

ЛЕГНАА 30 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНАРИТЕ - тие што немаат картички парите ќе ги земаат по азбучен ред

Објавено во: Финансии 18 Април, 2020

Државата денеска исплати над 30 милиони евра земјоделски субвенции, објави Трајан Димковски, министер за земјоделство. Тие се наменети за 19.050 тутунопроизводители за реколтата 2019. Сите ќе ги добијат парите на своите трансакциски сметки.

„Повеќе министерства подготвија соодветен модел за начинот на исплатата. Со цел да не се создаваат гужви во банките, сега кога се очекува достогнување на пикот од КОВИД-19, подигнувањето на субвенциите за оние што немаат платежни картички ќе се одвива во четири последователни денови, почнувајќи од 21 април, вторник, закчучно со 25 април, петок. За секој од овие 4 дена е направен распоред по азбучен ред, согласно презимињата на граѓаните и фирмите“, нагласи Димковски. 

Оние кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што МВР ќе има список според азбучниот ред.

Секој што ги исполнува условите ќе добие субвенции, а производителите да се придружуваат до препораките, порача министерот за земјоделство.  

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ЕВЕ КОИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: Месечни награди од по 20 илјади денари, „милиончето“ ќе стигне во декември

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ БИЗНИС ПРОФИТАБИЛЕН И ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Македонски телеком со добивка од 11,2 милиони евра за првото полугодие

ГИ ИМА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Ова се фирмите кои земале субвенции, а не исплатиле плати на вработените

ГИ ИМА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Ова се фирмите кои земале субвенции, а не исплатиле плати на вработените

Алкалоид со двојно зголемени инвестиции во износ од над 841 милиони денари и со 111 нови вработувања од јануари-јуни 2020

Алкалоид со двојно зголемени инвестиции во износ од над 841 милиони денари и со 111 нови вработувања од јануари-јуни 2020

Комерцијална банка „корона вирус“ не ја фаќа!

Комерцијална банка „корона вирус“ не ја фаќа!