19 Април, 2024
0.0272

Ленче Ристоска: Оставката на Јанева не е поврзана со „Рекет“

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Се уште немаме информации дека лидерот на Специјалното јавно обвинителство (Катица Јанева) е опфатена со истрагата на ОЈО во случајот „Рекет“ и сите случаи да се расчистат, што е и во наш интерес, рече специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешниот брифинг со новинарите.

Додаде дека оставката која вчера Катица Јанева ја поднесе на чело на СЈо е чиста коинциденција и дека не е предизвикана од случајот „Рекет“ туку е одлука донесена во корист на изнаоѓање на законско решение за продолжување на статусот на СЈО.

Нагласи дека СЈО продолжува со својата работа и во име на сите обвинители и стручната служба вели дека институцијата же продолжи да работи на зачувување на интегритетот и смета дека последните случувања дека немаат влијание на останатите предмети. 

„Секогаш сме постапувале согласно законските прописи. Стоиме зад работата која сме ја завршиле, сите постапки продолжуваат и не се доведени во прашање. Нашето постапување е во рамките на законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и апелирам да се почитува начелото на пресумпција на невиност. Нашиот интегритет не е засегнат ниту во еден момент. Сите се еднакви пред Уставот и законите и ние стоиме позади тоа секој да одговара, но постапките мора да се почитуваат“, рече Ристоска.

Повика секое лице да ги пријави ваквите активности и како индивидуи и како институција дека СЈо е отворено за соработка.

„Тука сме да помогнеме да ги размениме доказите и информациите со останатите институции“, додава таа.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени