29 Март, 2024
0.0271

Лесја Украинка: Мобилизацијата како агонија на фашистичка Русија

Објавено во: Свет 25 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Путин нема што да му претстави на целиот свет, покрај хистерија, закани и отворен блеф. Повикувањето дури 300.000 за модерна Русија е речиси невозможна задача. Повеќето руски патриоти се покажаа дека се такви само на каучот, пишува Евген Цибуленко, професор по право во својата колумна за RusDelfi, а пренесува Здружението Лесја Украинка. 

Малкумина знаат за ова, но нацистичка Германија се префрли на шините на „тотална војна“ дури во 1943 година, дури по поразот кај Ел Аламеин и Сталинград. Сепак, како што е познато, ова не ги спаси нацистите - Третиот рајх беше поразен во следните две години. Ова нема да ги спаси ни директните следбеници на нацистите - рашистите. Да, војната во Украина сè уште не е завршена, но поразот на фашистичка Русија е веќе неизбежен.

На 21 септември Путин најави наводна делумна мобилизација за продолжување на „СВО“. Наводно, затоа што споменатата бројка од 300 илјади официјално никаде не фигурира, а објавените документи овозможуваат да се повикаат речиси неограничен број луѓе на воена служба. Ова е прва мобилизација во Русија од крајот на Втората светска војна. Покрај тоа, Путин нареди активирање на одбранбеното производство во Русија. Тој се подготвува за долга и крвава војна како во Украина, така и надвор од нејзините граници.

Денес Путин ги користи националните малцинства како „топовско месо“. На тој начин, тој се обидува да спречи бран на суверенитети во Руската Федерација во блиска иднина.

Во исто време, поглаварот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на состанокот со оперативниот штаб за спроведување на „специјалната операција“ најави дека нема да има мобилизација во републиката. Како што пишува „Кавказ.Реалии“, снимката со овој говор на Кадиров бил прикажан во вечерните вести на каналот„Грозниј“ на 22 септември.

На 23 септември, поранешниот претседател на Монголија Цахијагин Елбегдорџ одржа антивоено обраќање, во кое зборуваше за тоа колку националните малцинства во Русија страдаат од тоа и ги повика Русите да не војуваат со Украинците. Тој, исто така, ги покани Бурјатите, Туванците и Калмиците да избегаат од мобилизацијата во Монголија.

https://rus.delfi.ee/statja/120071126/mnenie-mobilizaciya-kak-agoniya-fashistskoy-rossii

Ставовите изразени во оваа рубрика се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, ние од нив се оградуваме

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?