28 Март, 2024
0.0262

Лесја Украинка: Русија сака да ги украде природните ресурси на Украина

Објавено во: Свет 15 Август, 2022

Добивај вести на Viber

https://cyprus-daily.news/rossiya-hochet-ukrast-prirodnye-resursy-ukrainy/

Руско-украинската војна трае веќе 172 дена, а дури сега почнува да се појавува вистинската слика за тоа што навистина сака Русија од Украина, додека се крие зад убавите изрази како „спроведување на денацификација“, „спасување на Русите во Украина“, „спротивставување со русофобијата“ и слично. Всушност, Руската Федерација, во текот на таканаречената „специјална воена операција“, зазема украински територии кои имаат многу природни ресурси во нивните утроби.

The Washington Post пишува дека по инвазијата од големи размери на Украина, Русија ја презела контролата врз наоѓалиштата на минерали во вкупна вредност од 12,4 трилиони долари, а американското издание се повикува на конкретни податоци од канадската аналитичка компанија SecDev.

Според компанијата, 63% од украинските наоѓалишта на јаглен, 11% од резервите на нафта, 20% од природен гас, 42% од метали и една третина од наоѓалиштата на ретки земји, вклучително и литиум, кој е неопходен за производство на батерии, сега се под руска окупација. Украина загуби и големи наоѓалишта на ураниум, злато и варовник. Сè на сè, Киев би можел да изгуби пристап до две третини од своите резерви на енергија и минерали.

Со крадењето на природните наоѓалишта на Украина, Русија се надева и дека со зголемената потрошувачка на ресурси потребни за производство на високотехнолошки производи, ќе биде тешко за европските земји и за САД да најдат алтернативи за постоечките наоѓалишта. Русија се обидува однапред да ги заземе украинските ресурси за да не може Западот да соработува со Киев во оваа област.

Алчноста на режимот на Путин нема граници, бидејќи Русија, имајќи толку огромни резерви на ресурси, сепак се обидува да ги заземе тие во Украина и на тој начин може да предизвика почеток на трета светска војна. Според Пентагон, меѓу 70.000 и 80.000 руски војници биле убиени и повредени во Украина од почетокот на војната, што сугерира дека Путин е подготвен да жртвува голема количина од животот на своите војници за да добие барем уште некои ресурси, само за за истите тие ресурси наводно да не одат на Запад.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?