ЛЕТЕЧКИТЕ ТАКСИ ВОЗИЛА СТАНУВААТ СТВАРНОСТ: Кога ќе се користат во целиот свет?
Објавено во: Свет 18 Мај, 2019
Летечко такси возило кое може да се повика преку мобилна апликација.
Ова го планира германска компанија и тоа ќе биде реалност за шест години во светот.
Lilijum е фирма со седиште во Минхен која во четвртокот го покажа прототипот на летечко такси возило.
Се очекува до 2025 година ова такси возило да постои во градовите ширум светот.
Возилото ќе има пет седишта, и батерија која со едно полнење ќе помине 300 км, а такси возилата ќе полетуваат и слетуваат во градовите.