19 Април, 2024
0.0642

Левендис бара Грција посилно да ја притисне Македонија

Објавено во: Балкан 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Василис Левендис, се приклучува на реториката на помалите грчки опозициски партии кои својот рејтинг го билдаат врз македонски грб. Лидерот на Сојуз на централисти, по брифингот кој го доби од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас истакна дека се залага да нема отстапки од позицијата против сложено име со вклучен терминот Македонија и воедно ја повикува грчката влада да ја притисне нашата земја да промени став во прашањето за името, наведува грчката агенција АНА-МПА.

- Господинот Коѕијас верува дека ако Скопјаните направат уште неколку отстапки, веројатно ќе се најде решение. Секако, кога вели решение, мисли на тоа да го содржи терминот Македонија. И ова го кажа без страв, рече дека сме голема држава и нема зошто да се плашиме од една помала држава, од Скопје. Но, јас му одговорив дека Турција е десет пати поголема од Грција, така што со истата логика, Турција ќе треба да прави што сака и ние да и се покориме на Турција, рече Левендис по разговорите со шефот на грчката дипломатија.

За попладневните часови закажана е последната средба на шефот на грчката дипломатија со лидерите на политичките партии во рамки на циклусот средби за брифирање за текот на преговорите. Никос Коѕијас овојпат ќе се сретне со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос откако лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис одби брифинг со Коѕијас и побара тоа да го стори Ципрас.


Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот