28 Март, 2024
0.0273

ЛЕВИЦА БАРА ПОПИСОТ ДА СЕ ПРЕКИНЕ: Агитирањето на функционери од Косово е доказ дека е фингиран

Објавено во: Македонија 19 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Агитирањето на функционери од Косово е доказ дека пописот е фингиран и мора да биде прекинат, велат од Левица. 

Велат дека откако вчера Албин Курти, ги повика Албанците од дијаспората, масовно да се попишуваат на пописот во Македонија, тоа денес го направи и вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи. 

„Покрај ова, вчера Првиот вицепремир Артан Груби се пофали дека неговиот сопартиец, Бујар Османи, од позицијата министер за надворешни работи на Македонија, лобира за признавање на Косово од страна на Шпанија. Ова покажува дека албанските функционери работат координирано на остварување на албанските етно-националистички агенди, а Пописот во Македонија, заедно со Предлог законот за државјанства, ќе бидат само уште неколку од низата такви политички алатки, кои ќе се искористат во истата насока. Повикот од страна на косовските функционери до албанската дијаспора за таа масовно да се попишува, е флагрантен доказ за нивното мешање во внатрешните работи на Македонија. Дополнителен проблем претставува и големиот број лични карти за кои постои сомнеж дека се издадени под сомнителни околности на косовските државјани. Од друга страна, сето ова потврдува дека пописот воопшто не е обична статистичка операција, туку фингирана политичка операција која има намера дополнително да ја зголеми рамнотежата на моќ во полза на албанските партии. Загрижувачки е и тоа што за остварување на таквите цели се ризикува и здравјето на луѓето без разлика од која етничка заедница доаѓаат“, наведуваат од Левица. 

Според нив, единствениот начин за пописот да биде откажан е неговото бојкотирање. Велат дека откажаниот попис од 2011 е пример, а и преседан, кој покажува дека со масовен бојкот може да биде одложен пописот. 

„Тогаш пописот почна на 1 октомври и со колективна оставка на Пописната комисија (која сега е укината) беше прекинат на 10 октомври. Причината за неговото прекунување беше токму тоа што според тој закон не беше дозволено да се попишуваат лица кои се надвор од државата повеќе од една година. Покрај ова, исто така не беше дозволена можноста трети лица да даваат податоци и да попишуваат други лица (што тогаш беше барањето на албанските партии). Токму овие барања сега се легализирани со нивно имплементирање во законот за сегашниот попис, што целосно го подрива неговиот легитимитет и легалност. Со оглед на тоа што преседан веќе постои, а актуелниот Закон за попис не прави разлика меѓу вкупно попишано население и резидентното население, попишувањето би било погубно и затоа мора да биде стопирано. Поразителен е фактот што политичките чинители надвор од албанскиот блок на политички партии немаат црвст заеднички став во однос на државните и национални интереси, со што, надминуваќи ги своите партикуларни интереси, одлучно ќе се спротивстават на долгогодишната малцинска тиранија врз мнозинството, спроведувана преку етно-трибалистичките политики на албанските партии. Впрочем, токму ваквата состојба беше гнасно искористена од надворешните фактори при што резултираше со илегална промена на името на државата. Сега уште еднаш истата ваква состојба се користи и од страна на Бугарија за конечно укинување и на виталните елементи од национална посебност и државотворност на македонскиот народ. Ваквата агресивна офанзива од страна на албанскиот национализам мора да биде пресретната и превенирана со координирана акција, преку бојкотирање и поништување на пописот. Дури откако ќе биде донесен нов Закон за попис, кој ќе ја елиминира можноста за негово фингирање, тој може и треба да биде спроведен“, додаваат од партијата. 

Од Левица велат дека понатаму, потребно е и отстранување на сите елементи од политичкиот систем кои прават етнодиференцијација во владеењето како и во креирањето и спроведувањето на политиките на државно ниво.

Во тек е самопопишувањето на дијаспората. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант