20 Април, 2024
0.0276

Левица: Дали со евентуални санкции на ЕУ кон Србија, се заканува колапс на македонската економија?

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Од Левица прашуваат дали ако ЕУ воведе санкции за Србија, Македонија на економски план ја чека колапс. 

Изминатата недела до Србија пристигна француско-германскиот предлог за решавање на ситуацијата на Косово.

Како што наведуваат, доколку српската Влада го одбие овој предлог (какви што и се очекувањата), иднината на Србија за приклучување кон ЕУ и НАТО ќе се сведе на минимум. Дополнително српската Влада одбива да стави економски санкции кон Руската федерација, а тоа само додава причина повеќе зошто дипломатите од Европската Унија може да се свртат против Србија.

„Според официјалните изјави, доколку Србија го одбие овој предлог големи се шансите за воведување на економски санкции против Србија од страна на Европската Унија (слични како оние кои ги воведоа против Русија). Воведувањето на вакви санкции на било која земја од Балканскиот полуостров значи тотален колапс на економијата во таа држава, но што би значеле евентуалните санкции кон Србија за нашата држава? Република Македонија за 2022 година има вкупнен извоз на материјални добра повеќе од 355 милиони евра (без месец Декември), додека увозот од Србија претставува 630 милиони евра. Република Србија претставува четврта земја со која имаме најголема трговска размена. Доколку ЕУ се одлучи за воведување на економски мерки кон Србија, тоа би значело колапс на српската економија, повлекување на странските инвестиции е наједноставната мерка која може да се воведе, но и најочекувана доколку за пример ја следиме Русија. Од досегашното искуство на Владата на РМ и нивниот вазалски начин на водење политика, големи се очекувањата доколку ЕУ воведе санкции кон Србија, Македонија да се приклучи кон овие мерки. Евентуалното придржување кон ЕУ против Србија би значел тотален колапс на македонската економија“, велат од Левица. 

Додаваат дека извозот на македонски прехранбени продукти кон Србија за 2021 година бил вкупно 54 милиони евра што претставува прва држава каде се извезуваат нашите прехранбени продукти. Македонскиот зелечук кој се извезува кон Србија за 2021 година бил со вредност од 11 милиони евра, овошјето со 9.7 милиони евра, а преработките од овошје и зеленчук изнесуваат 11.3 милиони евра.

„Се поставува прашањето, дали Владата на РМ има идеја како би се поставила на евентуални санкции на ЕУ кон Србија и дали Владата има стратегија каде би ги извезувале нашите продукти доколку ЕУ одлучи да ги затвори границите за нашиот северен сосед?“, велат од Левица. 

Србија е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан