23 Мај, 2025
0.0329

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 08:46

Добивај вести на Viber

Повторно се потврдува тезата дека и актуелната власт на ДПМНЕ, како сите претходни влади, го креирале корумпираниот систем кој ја опустоши Македонија. Во континуитет министерот и адвокат на урбанистичката мафија, Панче Тошковски се обидува со спинови, манипулации и закани да ја замолчи секоја критика против неговата селективна истрага за Кочани, обвинуваат од партијата Левица.

Оттаму велат дека „додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и фамилијата Тошковски била дел од овој систем. Имено, токму таткото на министерот на МВР во 2013 година бил осуден за измама на 8 лица заради примање мито при посредување за инвалидски пензии. Неговиот татко бил осуден на две години условна казна, затоа што од оштетените лица противправно наплатил речиси 25.000 евра, ветувајќи им дека ќе стекнат право на инвалидска пензија. 

Односно, таткото на Тошковски безобзирно манипулирал со поединци кои очигледно во незавидна положба, биле принудени да плаќаат огромни суми за да се изборат против аномалиите на системот. Бидејќи министерот Тошковски и за време на претходната влада на Груевски бил дел од институциите на системот (преку министерството на Миле Јанакиевски), очигледно тоа што бил дел од власта било доволно за неговиот татко да прави матни зделки со инвалидските пензии. 

Дополнително, потсетуваме дека Тошковски уште нема одговор за скандалот со апсењето на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, односно нема никаква информација во јавноста кое е второто лице кое е уапсено. Ако се има во предвид дека лицето кое го обезбедувало Мицкоски било дел од Шестата управа, истото не можело да располага информации за криминални истраги. Тошковски упорно одбива да даде одговор од каде обезбедувањето на Мицкоски имало информации за криминални истраги и од кој ги добил тие информации?! 

Селективниот пристап на Тошковски и за огромната трагедија во Кочани, каде ниту еден актуелен началник од полицијата не е дел од истрагата, претставува кулминација на ужасното владеење на новата влада. Наместо системски реформи - сведочиме како власта ги одбива сите добри законски решенија на Левица; наместо апсење на поранешниот премиер Зоран Заев - сведочиме како премиерот Мицкоски веќе не го ни спомнува неговот име; наместо меритократија и департизација - сведочиме како сестрата на премиерот и баџанакот на Тошковски стануваат универзитетски професори. Нема промена на корумпираниот систем со партии кои 35 години го граделе токму тој систем! “ се вели во нивното соопштение. 

Можеби ќе ве интересира

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ОНКОЛОГИЈА - за кривичните дела за кои се товарат следуваат високи казни

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ОНКОЛОГИЈА - за кривичните дела за кои се товарат следуваат високи казни

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

„ПРИРОДНО Е ДА САКААТ АЛБАНЦИТЕ ДА ЖИВЕАТ ВО АЛБАНИЈА“: Хајредини за актуелните теми во најновото издание на „Бизнис муабети“

„ПРИРОДНО Е ДА САКААТ АЛБАНЦИТЕ ДА ЖИВЕАТ ВО АЛБАНИЈА“: Хајредини за актуелните теми во најновото издание на „Бизнис муабети“

Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

„НЕ СЛУЧАЈНО, ПРЕМИЕРОТ ГО ДИСЦИПЛИНИРАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА“: ДУИ тврди дека Мицкоски ги презира Албанците

„НЕ СЛУЧАЈНО, ПРЕМИЕРОТ ГО ДИСЦИПЛИНИРАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА“: ДУИ тврди дека Мицкоски ги презира Албанците

„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

„ПАРТНЕРСТВОТО ПОДДРЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КЛУЧНИ ИНФРАСТРУКТРУНИ ПРОЕКТИ“: Британската амбасада по потпишувањето на договорот

„ПАРТНЕРСТВОТО ПОДДРЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КЛУЧНИ ИНФРАСТРУКТРУНИ ПРОЕКТИ“: Британската амбасада по потпишувањето на договорот

ЗМИИ ВО КАРПОШ: Општината се зафати со решавањето на овој проблем

ЗМИИ ВО КАРПОШ: Општината се зафати со решавањето на овој проблем

КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ ДА НЕ ЧЕКА ПОВЕЌЕ: „Партискиот инает нема да ја дестабилизира Струмица!“

КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ ДА НЕ ЧЕКА ПОВЕЌЕ: „Партискиот инает нема да ја дестабилизира Струмица!“