20 Април, 2024
0.0277

Левица: Очигледно слободата за Мијалков е награда од Заевизмот за устоличувањето на Северна!

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Заев е директно одговорен за бегството на Мијалков, реагираат од Левица. 

Оттаму наведуваат дека бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Зоран Заев и СДСМ е во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои, според нив Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“. 

„Повеќе од јасно е дека ова не е пропуст на Министерството за внатрешни работи кое го води Спасовски. Очигледно е дека и во овој случај, како што беше случај и со претходните бегства на осудени криминалци, раководните структури на МВР се директни соучесници во исполнување на ветувањата, кои премиерот Заев ги даде на криминалците од претходниот режим. Да се потсетиме, токму зборовите на Заев беа дека од него „зло нема да видат ни Сашо, ниту пак Груевски“. Без криминалниот дел на ВМРО-ДПМНЕ не ќе беше реализирана и неуставната промена на името, за што Заев во изјава потврди дека Мијалков разговарал со осумте пратеници и ги охрабрувал да гласаат за Преспанскиот договор. Очигледно слободата за Сашо Мијалков е награда од Заевизмот за устоличувањето на Северна! Кога станува збор за заштита и унапредување на криминалот и корупцијата, СДСМ и Заев како предводници на власта, покажаа дека сѐ што ветија – исполнија и реализираа. Но, кога се работи за ветувањата со кои ја прелажаа пошироката јавност, од нив останаа само слоганите и флоскулите со кои се служат само уште ситно поткупените партиски поттрчковци и лукративни бивши шарени револуционери“, стои во соопштението од Левица.

Велат дека наместо живот за сите, досега јавноста видела само семејни тендери и партиски вработувања од власта. Од Левица додаваат дека за надминување на политичката криза во која се наоѓа државата, не е доволна само оставката на Владата, туку и кривична одговорност на функционерите од истата и формирање на преодна влада која ќе спроведе фер парламентарни избори. 

И официјално на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, во делот за потраги, осамна името на екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Премиерот Зоран Заев очекува да биде пронајден поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е во бегство по одлуката на судот да му се одреди куќен притвор, а во спортивно, вели тој, ќе побара одговорност.

Вчера попладнето Мијалков бил виден во локалот „Дистрикт“, кој е во рамки на хотелот Мериот, каде што, според ТВ 21, седел со Ивица Коневски, член на Иницијативниот одбор кој бара недоверба од Христијан Мицкоски на вонреден конгрес.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите