13 Ноември, 2019
0.0176

Левица: Преспанскиот договор беше донесен заради интересите на домашните и странските моќници

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Oд Левица велат дека измина една година од потпишувањето на таканаречениот Преспански договор, со кој владејачките елити од двете страни на државата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршиле цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ. 

Додаваат дека после една измината година од оваа историска неправда, суштинските проблеми на нашата држава, како сиромаштијата, класната раслоеност, деградирана животна средина и криминалот не се решени, туку се продлабочени од новата коалиција на власт.

„Овој договор е олицетворение на шовинизмот, заканите и уцените на посилна држава поддржана од НАТО-силите, за што сведочи и денешната вежба на стратешката точка Криволак, каде за прв пат парадира и маршира војска на туѓа држава. Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, е јасен доказ дека новото нелегитимно име не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување. Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку договори склучени од криминалните елити поддржани од империјалистички пакт кој го репродуцира национал-шовинизмот. Преспанскиот договор беше донесен заради интересите на домашните и странските моќници кои ја уништија социјалната држава и воспоставија владеење на олигархијата и криминалот – и како таков мора да биде поништен“, стои во соопштението од Левица. 

Ниту една нација не може да биде слободна  додека опресира други нации, додаваат од партијата. 

Можеби ќе ве интересира

Изградбата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар ќе биде готова во 2020

Изградбата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар ќе биде готова во 2020

ФОКУС НА ДЕНОТ: Макрон немал намера да ни понуди алтернатива за членство, презентиран буџетот за 2020

ФОКУС НА ДЕНОТ: Макрон немал намера да ни понуди алтернатива за членство, презентиран буџетот за 2020

Пендаровски остави копија од книга на Глигоров во библиотека во Париз

Пендаровски остави копија од книга на Глигоров во библиотека во Париз

НА ПОТЕГ УШТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ: Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО

НА ПОТЕГ УШТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ: Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО

Земјотрес почувствуван во битолско

Земјотрес почувствуван во битолско

Пронашол бомба во ѕидот на куќата

Пронашол бомба во ѕидот на куќата

Пендаровски по средбата во Париз: Макрон ќе дојде кај нас следната година

Пендаровски по средбата во Париз: Макрон ќе дојде кај нас следната година

Јанковиќ: Дезинформација е дека ќе се распуштат специјалните единици на АРМ

Јанковиќ: Дезинформација е дека ќе се распуштат специјалните единици на АРМ

Малиот Јане сега може да слави, лекот Спинраза дојде во Македонија

Малиот Јане сега може да слави, лекот Спинраза дојде во Македонија