08 Декември, 2025
0.0505

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2025 15:17

Добивај вести на Viber

Опозициската партија Левица вели дека директорот на СОЗР ја манипулирал јавноста, со обвинување дека дели тендери на негови блиски фирми.
„Директорот на СОЗР и личен пријател на Христијан Мицкоски - Ивица Томовски дрско ја манипулира јавноста кога очигледно е фатен како дели тендери на негови блиски фирми. Додека Томовски тврди дека нема никаква поврзаност со фирмата ,,Сити Аутсорсинг" (која доби државни тендери од 5 милиони евра), Левица е подготвена да ги објави личните конекции на Томовски со контроверзната компанија. Имено, како актуелен управител на компанијата ,,Сити Аутсорсинг" се води лицето Милчо Стрезоски од Струга. За блиското пријателство на Ивица Томовски со Милчо Стрезоски доказ се бројните заеднички фотографии објавени на фејсбук во последниве 10 години. Дали сега Томовски ќе се дистанцира од својот личен пријател на чија фирма доделил тендери од 5 милиони евра?! Доколку директорот на СОЗР продолжи и понатаму да ја манипулира јавноста дека нема поврзаност со ,,Сити Аутсорсинг", Левица ќе објави заеднички фотографии на Ивица Томовски со управителот Милчо Стрезоски“, велат од партијата.
Го повикаа обвинителството да го истражи скандалот од 5 милиони евра.

„Искуството на Томовски со тендер шеми е познато уште кога директор на ЕЛЕМ беше Христијан Мицкоски. Тогаш компанијата „Сити Логистик” (сегашна "Сити Аутсорсинг) во сопственост на Томовски, добила тендери во вредност од 60.000 евра од страна на ЕЛЕМ, со потпис на Христијан Мицкоски. Левица јавно прашува: дали Мицкоски и Томовски заеднички ги делат провизиите од криминалните тендери доделени на нивни блиски компании? Јавното обвинителство мора веднаш да отвори истрага за коруптивниот скандал тежок 5 милиони евра, каде директно е замешан еден од најблиските соработници на премиерот“, реагираат од Левица.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна