09 Декември, 2025
0.0857

Левица: Власта денес го полага испитот за доверба – нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2025 11:46

Добивај вести на Viber

Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, уште еднаш јавно ги повикуваме пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата.

Ова го порачаа денеска од опозициската Левица, според кои денеска нема простор за ароганција и партиски калкулации. 

- Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе млади животи, а Собранието за целиот тој период не презеде ниту една суштинска мерка. Институцијата која треба да биде највисок облик на демократијата, домот на народните избраници, се однесуваше без слух за јавноста, со очигледна желба случајот да се заташка и да се заборави. Токму затоа, денес нема луксуз да продолжи со истата неодговорност. Државата им должи на семејствата и народот барем минимум сериозност и политичка зрелост.

Одржувањето на седницата зависи од пратениците од владејачкото мнозинство, членови (или нивните заменици) на Комисијата, и тоа:

Александар Велјановски
Миле Лефков
Ангелинка Петкова
Петар Ристески
Бране Петрушевски
Рашела Мизрахи
Игор Здравковски
Фериде Хаџиу
Весна Бендевска

Секој од нив има должност да се појави и да му овозможи на Собранието да ја изврши својата надзорна улога и да не биде креатор на уште еден срам со учество во блокада на оваа расправа. Нема повеќе алиби, „технички причини“ и други разни изговори. Во моментов се работи и за довербата на јавноста и за елементарно човечко достоинство - укажуваат од партијата во соопштението испратено до јавноста.

Додаваат дека од мнозинството денес јавноста бара да си го оправдаат мандатот и да присуствуваат на седницата. 

- Ако повторно посегнат по опструкции, тоа ќе значи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да ја поттурне вистината под тепих. Секоја нова опструкција ќе биде јасен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ ја става сопствената удобност пред болката и гласот на родителите и народот кои бараат правда - нагласуваат од Левица. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа

„БРИТАНИЈА ЌЕ И ИСПЛАЌА НА МАКЕДОНИЈА 20 ИЛЈАДИ ФУНТИ ПО ДЕПОРТИРАН МИГРАНТ“: Филипче вели дека ова е недозволиво

„БРИТАНИЈА ЌЕ И ИСПЛАЌА НА МАКЕДОНИЈА 20 ИЛЈАДИ ФУНТИ ПО ДЕПОРТИРАН МИГРАНТ“: Филипче вели дека ова е недозволиво

Скопје ќе се украсува новогодишно за 53.000 евра

Скопје ќе се украсува новогодишно за 53.000 евра

„ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ОБЛЕКОА ДА МИ ГО ЗАГОРЧАТ ЖИВОТОТ“: Михаилов обвинува дека трпи закани

„ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ОБЛЕКОА ДА МИ ГО ЗАГОРЧАТ ЖИВОТОТ“: Михаилов обвинува дека трпи закани

Владата откажа настан на Мицкоски во Аеродром

Владата откажа настан на Мицкоски во Аеродром

МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен

МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно

За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија

За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија