24 Април, 2024
0.0249

L’Homme Idéal - парфемот на современиот маж

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Никој не може да му одолее. Тој е маж со повеќе лица. Природен и елегантен, тој е атлетски тип, културен, емотивен и силен во исто време. Guerlain мажот зрачи со модерна машкост. Интензивен човек кој е секогаш во движење и подготвен да оди напред. Забавен, шармантен и харизматичен, тој е човек кој ги ослободува сопствените желби.

Токму затоа, парфемот кој ќе го носи, мора да ја рефлектира неговата личност: секси, мистериозен и динамичен.


Guerlain продолжува да ја пишува својата приказна од перспектива на еден маж. Главниот парфимер, Thierry Wasser и неговата асистенка, Delphine Jelk,  потрагата по совршениот мирис ја базираат на основа на денешниот современ маж, со цел да ја зајакнат перцепцијата со интензивната и секси појава.

Тој е маж кој доминира со својата моќ и поседува неверојатен магнетизам.

Чили, еден од најсилните зачини, ја ослободува моќта на бадемот со силен интензитет. Зачинетите ноти одлично кореспондираат со мирисот на кожа и пачули, се со цел да се создаде нова и волшебна варијанта за мажи. Клучната состојка во Eau de Parfum е екстракт од ванила кој ја истакнува зачинетата дрвенесто-ориентална елеганција.

Која е тајната на неодоливиот шарм?

Бадемот за првпат се употребува во мирисите на Guerlain; токму со  L’HOMME IDÉAL. Мистериозен мирис кој излегува надвор од конвенционалните рамки за да го открие уникатниот карактер на секој мирис во колекцијата.

Сите лица на бадемот

Елегантен -  Eau de Toilette е комбинација на древенести и цитрусни ноти.

Заводлив -  Eau de Parfum е комбинација од кожени ноти со екстракт од ванила.

Динамичен -  Eau de Toilette Sport во себе има зачинети и свежи ноти.

Интригантен -  Eau de Parfum Intense со чили и  „smoky“ ноти.


Мистериозна обвивка

Стремејќи се кон раскошен и луксузен изглед, шишето ги носи карактеристиките на своите претходници. Со нагласени и дефинирани агли, кои потсетуваат на машки раменици, неговата елегантна фигура е утврдена со длабок и таинствен лак. Блескавата жолта боја, додава зрак на младешки и забавен дух, што ја прави комплетно модерна обвивката на парфемот.

L’Homme Idéal е парфемот кој изминатата година ги покажа своите супер моќи пред светот, тој е парфемот кој секој маж го посакува.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!