23 Ноември, 2024
0.0286

ЛИБАНСКИ МИНИСТЕР УКАЖУВА НА ЛОШАТА ЕКОНОМИЈА: Вели дека ако Хезболах се коцка ќе биде полошо

Објавено во: Свет 24 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за економија на Либан, Амин Салам, за Скај њус вели дека Либан ќе биде во многу тешка позиција доколку Хезболах „продолжи да се коцка“ во конфликтот со Израел. 

„Потребна е одлука дали сакаме да го вовлечеме Либан во понатамошна ескалација и мизерија или дали сакаме да донесеме мудра одлука. Многу е јасно, ако решиме или ако Хезболах одлучи да преземе голем ризик и да се коцка повеќе во оваа војна, ќе платиме многу висока цена што ќе го стави Либан во многу тешка позиција и ќе бидат потребни многу години за да се врати назад“, вели Салам.

Тој посочи дека економијата на земјата е во „ужасна ситуација“ со „десетици илјади луѓе кои бегаат“ во потрага по засолниште.

Израел објави дека извршил десетици воздушни напади врз либанскиот Хезболах денеска, откако стотици луѓе беа убиени еден ден претходно додека ескалираа судирите во речиси едногодишната војна во Газа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и употреба на сила. 

Претходно, експлодираа пејџери и воки - токи на членови на групата Хезболах. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи