25 Април, 2024
0.0270

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Кога ќе бираме каде да точиме гориво?

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонските возачи денеска на бензинските пумпи ќе ги дочекаат нови повисоки цени на горивата. Безоловниот бензин од 95 октани поскапува за 2,50 денари и во следните 14 дена ќе чини 66,50 денари за литар, а дизелот оди нагоре за 2 денари и ќе се продава за 54 денари. Иако, во земјава цената на горивото не се формира пазарно, туку неа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, сепак, сопствениците на бензинските пумпи можат да продаваат деривати по поевтини цени од погоре прикажаните и со тоа да бидат поконкурентни од ривалите.

Но, тоа, досега никогаш не се случило. Имено, Регулаторната комисија за енергетика одредува четири групи на цени за нафтените деривати, но, како по некој договор, бензинот и дизелот на сите македонски бензински пумписе продаваат по иста цена, односно, по највисоко определената малопродажна цена.

Со одлуката на регулаторот согласно методологијата за формирање на цените на претпријатијата што вршат промет на нафтени деривати им се дава можност да ги формираат цените за одделни нафтени деривати во однос на највисоките цени и тоа: за 0,5 денари за литар пониски (2 група на цени), за 1,00 ден/лит пониски (3 група на цени) и за 1,5 ден/лит пониски (4 група на цени). Ова значи дека на пумпаџиите може да продаваат литар безоловен „евро 95“ за 66 денари, 65,50 денари или за 65 денари, а дизелот може да чини 53,50 денари, 53 денари и 52,50 денари.

Извор: РКЕ

За да продава деривати по овие пониски малопродажни цени, а со тоа да биде поконкурентен од останатите, трговецот ќе треба да се откаже од дел од трговската маржа. Односно, планирано да работи со пониски цени, но негативниот ефект од тоа да го покрие со зголемена продажба. Но, како што веќе рековме, сите претпријатија кои вршат промет со нафтени деривати работат со максималните цени, па за македонските возачи, во поглед на цената, им е сеедно каде ќе наточат бензин.

Причините за ова треба да се бараат во структурата на малопродажната мрежа на нафтени деривати, во која, како што констатира Регулаторната комисија за енергетика, доминира едно претпријатие, а останатите се ситни играчи.

- Во Македонија тековно работат околу 285 бензински пумпни станици. И покрај фактот што денес значително е променета сопственичката структура во малопродажниот сектор, сепак Макпетрол АД Скопје е сè уште доминантно претпријатие во делот на малопродажбата со 126 бензински станици. Потоа следат Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје со 28 бензински станици, ОКТА Бренд со 28 бензински станици, додека преостанатите околу 103 бензински станици се во приватна сопственост на повеќе домашни мали претпријатија. Дел од претпријатијата кои поседуваат бензински станици, покрај основната дејност да продаваат горива на своите бензински станици, се јавуваат и како трговци на големо, односно дел од набавените течни горива не ги продаваат преку бензинските станици туку директно до крајните потрошувачи- се наведува во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика за минатата година.

Оттука, може да се заклучи дека и покрај големиот број на мали приватни бензински станици, поради доминантната позиција на Макпетрол на пазарот за трговија на мало со нафтени деривати, во Македонија не може да профункционира и оваа полулиберализација на цените на нафтените деривати и возачите да имаат избор на која бензинска пумпа ќе точат гориво.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ