Лицето кој го усмрти полицаецот Виктор Цветковски од болница во притвор
Објавено во: Македонија 25 Април, 2019
30-дневен притвор од кумановскиот суд е одреден за лицето С.Ј од Пелинце кој возејќи пијан на 21 април со својот „мерцедес“ на регионалниот пат Куманово - Свети Николе удри во возило во кое го усмри полицаецот Виктор Цветковски и тешко го повреди Александар Милошевски, за потоа да избега и да удри во уште едно возило, да предизвика повреди кај уште тројца патници и на крај да заврши во болница. Покрај тоа покренати се уште две кривични пријави против него.
Кумановската полиција против 40-годишникот покрена пријави за "тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот" и "недавање на помош на повреденото лице во сообраќајот ".
Кај 37-годишниот Цветковски веднаш била констатирана смрт, додека 25-годишниот Милошевски, инаку полициски практикант, бил префрлен на клиниката "Мајка Тереза" во Скопје. При бегството, С.Ј. сакал да побегне од земјата пред да удри во второто возило.
Цветковски инаку е татко на 6 годишно дете,а меѓу колегите тој важел за професионалец и бил назначен за ментор на полициските практиканти. На неговиот погреб присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Полицискиот синдикат оваа несреќа ја оквалификува како напад на полициско службено лице.