29 Март, 2024
0.0268

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ДРУГИ МОТИВИ - зошто од престижната партиска функција се повлекува Игор Јанушев

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Досегашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев си поднел оставка на таа функција од лични, односно од приватни причини, изјави доцна синоќа, на прес конференцијата пред партиското седиште, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Иако пред новинарите Мицкоски не образложи повеќе детали за оставката на Јанушев, сепак во дискусиите на седницата на Централниот Комитет од некои било споменато дека Јанушев го примил ударот ( “куршумот ” како што било речено ) за да се спаси сегашното раководство!?

Како што пишува порталот ВоЦентар,  веќе подолго време односите меѓу Јанушев и Мицкоски не беа на завидно ниво. Есента минатата година на седница на ЦК на партијата Јанушев беше избран да биде Претседател на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, пролетта оваа година без одлука на партиските тела Мицкоски го смени Јанушев од Претседател на РИШ и на таа функција се именува самиот себе. Односно освен шпицен кандидат за премиер на овие избори Мицкоски беше и шеф на РИШ на сопствен предлог и без одлука на ЦК на партијата за разрешување на Јанушев.

Така што сценариото да биде сменет генералниот секретар и тој да биде жртвено јагне и виновник за поразот на изборите на 15 јули не може да биде реализирано поради две причини. Прво, Мицкоски не прифаќа дека ги има изгубено изборите на 15 јули. И второ, Јанушев не беше шеф на РИШ, туку тоа беше Мицкоски. Што ќе рече дека Мицкоски Претседателот на партијата може да го предложи Мицкоски шефот на РИШ како жртвено јагне за губењето на изборите, но не и Јанушев.

Според порталот ВоЦентар на Васко Ефтов, Јанушев на овие избори беше само носител на изборната листа во третата изборна единица. И само во таа изборна единица ВМРО ДПМНЕ победи на изборите, односно освои еден пратеник повеќе од СДСМ. Значи единствениот победник на изборите од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев во тројката, сега се повлекува од партијата, а другите кои изгубија ќе продолжат да владеат со партијата. Или што би се рекло-тимот што губи не се менува.

Порталот натаму пишува дека постојат многу шпекулации за заминувањето на Јанушев. Веќе долго време има лоши односи со луѓе во партијата. Од таму протекоа оние фотографии дека Јанушев се подновил со скап автомобил лексус.

Постојат и други шпекулации. 

За сите овие наводи Фактор се обиде да стапи во контакт со Игор Јанушев, но тој засега не се јавува на својот мобилен телефон. 

Повеќе детали не можат да се видат ниту на неговиот фејсбук профил, а неговата последна објава е од пред три дена, кога го репостираше постот на неговиот лидер, Христијан Мицкоски, кој се однесуваше на потврдувањето на затворската казна на Гордана Јанкулоска. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека од местото генерален секретар се повлекува Игор Јанушев поради лични причини, но дека тој и натаму ќе остане да помага на партијата. 

Кога ќе успееме да го добиеме Јанушев, неговиот став за повлекувањето ќе го пренесеме во целост.

Јанушев, додека беше на позицијата, секогаш беше во нејзините први борбени редоци, секогаш жесток критичар на политиките и чекорите на власта предводена од СДСМ. 

Своевремено Игор Јанушев, додека власта беше во рацете на неговата партија, беше прв човек на ЈСП Скопје, јавното градско сообраќајно претпријатие.

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?