ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА НА „ТАЈМ“: Грета е најмладата личност која го добила ова признание
Објавено во: Свет 12 Декември, 2019
Шведската активистка, Грета Тунберг е личност на годината според магазинот „Тајм“.
Таа се здоби со ова признание, откако инспирираше глобално движење против климатски промени. Шеснаесетгодишната Швеѓанка е најмладата личност која се закитила со оваа титула откако магазинот ја почна традицијата во 1927 година.
Пред една година, Тунберг секој петок почна да протестира пред зградата на шведскиот парламент, што ќе прерасне во глобално движење на кое му се придружија милиони млади. Девојката дури беше еден од фаворитите за Нобелова награда за мир.
Но, таа за своите активности добиваше и критики од јавни личности.