24 Април, 2024
0.0275

ЛИДЕРИ СМЕ ПО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Скопје и денес е загадено

Објавено во: Македонија, Балкан 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Алармантно високо ниво на загадување на воздухот има во Западен Балкан.

Организацијата на Обединетите нации објави дека луѓето во сите поголеми градови во регионот на Западен Балкан, вклучително и Скопје, се соочуваат со алармантно високо ниво на загадување на воздухот. 

Тоа го намалува очекуваниот животен век затоа што, како што велат, неразвиениот и политички кревок регион во голема мера се потпира на согорувањето на јагленот за производство на енергија.

Во извештајот стои дека луѓето во регионот се изложени на една од најголемите концентрации на загадувањето на воздухот во Европа, што е и до петпати поголема од националните и ЕУ-насоките.

Отсуството на обновливи извори на енергија е идентификувано како главна причина за загадувањето на воздухот на Балканот.

„Асошиетед прес“ наведува дека извештајот на Програмата за заштита на животната средина на ОН, кој денес е објавен, се базира врз податоците од 18 града и е подготвен во координација со Светската здравствена организација и институции за процена на квалитетот на воздухот од Србија, Албанија, Црна Гора и од Северна Македонија.

Скопје денеска е 25 најзагаден град во светот, покажуваат податоците на air visual. 

Во топ 30 од балканските градови го има само македонскиот главен град. 

Џакарта во Индонезија денеска е најзагаден град во светот. 

Можеби ќе ве интересира

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела