20 Април, 2024
0.0252

Нов производ на Охридска банка Сосиете Женерал наменет за мали и средни претпријатија

Лифт бизнис кредит – за ниво погоре!

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал, во своето корпоративно кредитно портфолио воведува нов бизнис кредит – Лифт кредит, наменет за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од финансирање на тековните деловни активности. 

Лифт - бизнис кредитот e креиран со цел да им помогне на малите и средни претријатија да го подигнат својот бизнис на едно повиско ниво, односно преку поволна каматна стапка и атрактивна понуда без дополнителни трошоци, малите и средни претпријатија да можат да го унапредат своето работење, да набавуваат материјали и стока, да го финансираат тековно производство, или генерално да ја подобрат ликвидноста на својата компанија. 

Почнувајки од денес, сите заинтересирани мали и средни претпријатија, може да аплицираат за Лифт – бизнис кредит во Охридска банка Сосиете Женерал и да го искористат промотивниот период кој ги ослободува клиентите од провизија за исплаќање на кредитот, како и од провизија за одржување. 

Лифт – бизнис кредитот се карактеризира со фиксна каматна стапка од 5.5% за целиот период на исплата на кредитот, односно за период од 13 – 36 месеци, за обртни средства, индексиран во евра, за износи од 5.000 ЕУР – 50.000 ЕУР. 

Со воведување на Лифт – бизнис кредитот во своето корпоративно кредитно портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како Банка, која е во одлични и долгорочни релации со корпоративниот сектор во земјата, посветувајќи им внимание и грижа на малите и средни претпријатија, преку понуда на атрактивен производ со кој ќе им го олесни тековното работење. 

Повеќе информации за Лифт – бизнис кредитот и за останатите производи на Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката ширум земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга