Лимузината на Путин се подготвува и за комерцијална продажба
Објавено во: Свет 19 Април, 2018
Новата лимузина на Владимир Путин би можела да биде претставена пред јавноста во периодот на инаугирација на одновоизбраниот руски претседател, а репрезентативното возило, кое се подготвува на иницијатива на шефот на руската федерација, ќе се најде и во сериско производство и ќе се продава пазарно.
На инсистирање на Путин се формираше производителот „Кортеж„ кој за потребите на пазарот ќе создава специјализирани, теренски и мини-товарни возила достапни за слободна продажба, но лимузината на старо-новиот претседател ќе остане уникатен модел.
Сепак, за сериското производство на поголем број автомобили ќе биде потребено да изминат уште неколку години, велат од Кремљ.