24 Април, 2024
0.0261

Немало топла вода на Инфективна, родителите загрижени, надлежните имаат одговор

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Родителите кои деновиве со своите деца заразени со морбили биле на Инфективна клиника, велат дека немало топла вода, и упатија критика до Министерството за здравство.

Прашуваат како да одржуваат лична хигиена кога топла вода нема. Една од мајките се пожали за случајот на социјалните мрежи.

„Со дете болно од морбили лежам на Инфективна клиника Скопје. Дали е нормално на цела клиника да нема ниту капка топла вода? На што штедиме? На топла вода? Министре Венко Филипче како да водиме лична хигиена со ладна вода?“, праша таа.

Од Министерството за здравство велат дека имало проблем на клиниката.

Според информациите од Инфективна клиника-се работи за повремен технички проблем со дотокот на вода до Клиниката, односно заради слаб притисок на водата доаѓа до често прегорување на грејачите на бојлерите, заради што тие на неколку месеци се заменуваат со нови. За трајно надминување на проблемот, во тек е изработка на инженерски елаборат, со цел да се подобри дотокот на топла вода и оптимално искористување на водената пареа од топланата во кругот на клинички центар“, велат од Министерството за здравство.

Инаку, бројот на заболени од мали сипаници постојано расте. За една недела пријавени се вкупно 71 случај. Од почетокот на епидемијата во Скопје, заклучно со 15 месецов регистрирани се вкупно 259 случаи на мали сипаници, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на Град Скопје, а возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 година. Од вкупниот број на заболени, 148 се на возраст до 4 години, а 66 лица на возраст над 30 години. 193 од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 50 се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација.

Оваа година морбилите земаа и жртви. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП