29 Март, 2024
0.0254

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ И ЕВРОПСКИТЕ ЛОТАРИИ

Играта Џокер доби најсовремен уред за извлекување

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Играта Џокер од саботното 12то коло во 2019, се реализира со најсовремен уред за извлекување.  Атрактивниот уред по име Топаз, е најсовремено решение за извлекување на добитните бројчиња од играта на среќа Џокер, што го користат модерните европски лотарии. Ова е уште една новина која потврдува дека Државна лотарија е во чекор светските трендови и европските лотарии. Се работи за уред од шест споени модули кои истовремено ги мешаат и извлекуваат топчињата со добитни бројчиња и доволни се помалку од 20 секунди за да се прикаже шестоцифрениот добитен Џокер број. Од сега убавината на студиото е дополнета со уредот кој веруваме дека ќе усреќи голем број наши досегашни и нови играчи и ќе ги донесе под среќна ѕвезда. 

Во играта Џокер се учествува без претходна лото уплата

За Џокер играчите е од особена важност што нивната игра веќе не е дополнителна игра на среќа и во неа може директно да учествуваат без претходна уплата во играта Лото. Би потсетиле дека во 10тата година од приредување на игри на среќа, Државна лотарија ги смени и подобри игрите Лото и Џокер. Токму на почетокот на 10тата година игрите добија и комплетно нов изглед. 

Играта Џокер, е едноставна и атрактивна

За да се учествува во оваа игра не се потребни предзнаења и не одзема време за пополнување. Во неа може да се учествува со и без помошно ливче. Ако користите помошно ливче, токму првата колона од лево е наменета за Џокерот и во неа можете да го означите вашиот избор за уплата на 1, 2, 3, 4, 5, 10, 20, 30 или 50 Џокер броеви. Доколку изберете можност без помошно ливче, побарајте од вашиот продавач уплата на саканата количина Џокер броеви. Цената за уплата на еден Џокер број изнесува симболични 20 денари. Шестоцифрениот Џокер број се генерира по компјутерски пат и се испишува на потврдата за уплата. Во извлекувањето учествуваат топчиња со броеви од 0 до 9. Шесте броеви со помош на новиот уред за извлекување, се извлекуваат истовремено, за помалку од 20 секунди. 

Со уплата на 20 денари за Џокер број, може да се дојде до вредна премија 

Кај џокерот има шест категори добивки: Шестата категорија добивки е за Џокер со еден совпаднат број и тоа може да биде првиот или последниот во низата од шест броеви. Добивката за оваа категорија е фиксна, и носи 20 денари. Од втората до 5тата категорија се за совпаднатите два, три, четири или пет последователни броеви гледано од десно кон лево, или од лево кон десно, кои носат различни добивки во завосност од големината на фондот и бројот на добивки во таа категорија. Првата категорија добивки за Џокер со шест погодоци е резервирана за премијата која во моментов изнесува 600.000 денари што ги гарантира приредувачот. Со уплатата расте и фондот за премијата.

Историјат на Џокер премии

Во второто коло, чие извлекување се реализираше на 27ми април оваа година, ја добивме рекордната Џокер премија вредна 4.351.944 денари. Првиот Џокер со шест погодоци во 2019та, ја донесе 7мата по ред Џокер премија а градовите обележани со Џокер со шест погодоци се Делчево, Берово, Струмица и Скопје. До сега, во 7те Џокер премии имавме тројца добитници на гарантирани премии, еден добитник на 766.140 денари, еден на 3.003,077 денари, еден на 3.221.285 денари и еден на досега рекордната Џокер премија во висина од 4.351.944 денари. Токму последната премија е добиена за уплата на само 20 денари за еден Џокер број. Најновата Џокер премија, потврдува дека не треба да се пропушта можноста за уплата на барен еден Џокер број. Во случајот на нашиот најнов Џокер милионер, неговиот Џокер број беше еден ама вреден. 

Не пропуштајте коло без да уплатите барем еден Џокер број. И со 20 денари може да се стигне под среќна ѕвезда.

Можеби ќе ве интересира

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ