ЛИОН: Турците им се закануваат на Ерменците, извикуваа „Алаху акбар„ и „Ова е Турција“
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2020
Во Франција, Турците им се закануваат на Ерменците.
Турските националисти марширале во периферијата на градот Лион по судирите со Ерменците кои го блокирале патот за да искажат поддршка за Ерменија во војната со Азербејџан во регионот Нагорно-Карабах.
Членовите на „Сиви волци", турска екстремистичка група, излегле во средата навечер на улица во предградието на Лион, по што Ерменците, демонстранти, наводно повредиле неколку Турци претходно тој ден.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како групи луѓе викаат и веат турски знамиња.Тие извикуваат „Алаху акбар", „Каде се Ерменците" и некои навредливи пароли, пренесуваат француските медиуми. Многумина извикувале и „Ова е Турција".
Стотици Ерменци го блокирале автопатот A7 кој ги поврзува Лион и Марсеј, во текот на протестите поради воените акции на Азербејџан и Турција во Нагорно-Карабах.
Во спорниот регион има воени дејствија од 27 септември. Досега загинаа најмалку 1.000 војници, но и цивили.
Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах. Претходно, Владата на Ерменије соопшти дела биле гранатирани градовите Степанакерт, Шуши и Мартакерт.