ЛИРАТА ВО ПАД: Како заканите на Трамп ја „зашеметија“ турската валута
Објавено во: Економија 18 Август, 2018
Турската лира е пак во пад, после три дена раст, бидејќи САД се заканија со нови санкции.
Лирата во текот на вчерашниот ден падна околу 4 отсто на 6,05 за еден долар, бидејќи Доналд Трамп на Твитер најави нови казнени мерки поради затворениот американски свештеник Ендру Брансон кој би можел да добие 35 години затвор поради шпиунажа и тероризам.
Турската министерка за трговија Рухсар Пексан рекла дека Анкара ќе им возврати на новите трговски наметнувања. Разбивајќи ги надежите за брзо решавање на судирите, турскиот суд вчера ја отфрли жалбата за пуштање на свештеникот од домашен притвор. Потврдувајќи ја одлуката на понискиот суд, пресуди против укинување на слободата за движење на Брансон.
САД веќе воведоа санкции за двајца турски министри и ги зголемија двојно царинските наметнувања на турскиот челик и алуминиум. Турција пак возврати на царините на увезена стока од САД во вредност од 553 милиони долари и најави борјкот на американските електронски уреди.