19 Септември, 2020
0.0201

ЛИСТ ОД ВИШНА: Идеален лек за многу болести

Објавено во: Стил 24 Август, 2015

Листот на вишната се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспалението, го штити нервниот систем, помага кај несоница и лекува тешкотии кај менопаузата.

Вишните се одличен извор на витамин и минерали и имаат благотворено дејство на целиот организам. Главниот пигмент е црвен антоцијан кој влијае како антиоксиданс, и затоа е еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и процес на стареење.

Ова овошје има голема улога и во одржување на убавината на кожата. Се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспаленија, помага кај несоница, го штити нервниот систем и во лекување на тешкотии кај менопауза.

Освен како свеж плод, вишните може да ги користиме и замрзнати и суви.

Чај од стебленцата на вишната помага кај исфрлање на песок од уринарните канали, целулит, импотенција, бубрежна болест и хронично кашлање. Листот од вишна пак се користи како средство за убавина, а помага кај првут и потечени очни капаци.

РЕЦЕПТИ:

Една лажица иситнети исушени листови од вишна и една лажица исушени цветови од кантарион ставете во сад и прелијте со три чаши жешко пиво.

Оваа смеса загрејте ја до вриење и гответе на благ оган 30-40 минути.

Кога се излади, чајот прецедете го и земајте две лажици три пати дневно после јадење. Овој чај благовремено влијае на заболен црн дроб.

Лек против хепатитис А исто така може да направите од исушени листови на вишна. Ситно исечкајте десет суви листови и ставете ги во сад во кој ќе додадете 300 милилитри вода. Гответе на тивок оган 30 минути. Кога се излади процедете. Пијте четвртина чаша од овој чај три пати дневно.

Чај од лист од вишна во комбинација со лист од црешна, јагода и љубичица е одличен лек против првут. Листот наберете го и прелијте го со топла вода и оставете да отстои. После миење со чајот, косата измијте ја.

Можеби ќе ве интересира

Данко и Tихана Димитровски: Отидовме на одмор на Малдиви, принудно останавме 70 дена поради короната, се вративме со бебе

Данко и Tихана Димитровски: Отидовме на одмор на Малдиви, принудно останавме 70 дена поради короната, се вративме со бебе

ФОТО: Дора Бакојани во патики, Заев доследен на сината вратоврска

ФОТО: Дора Бакојани во патики, Заев доследен на сината вратоврска