ЛИТВАНИЈА ИСПРАТИ ПАНИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СО СВОИТЕ ГРАЃАНИ: Фрлете ги кинеските мобилни телефони, непријателот ве прислушува
Објавено во: Свет 25 Септември, 2021
Граѓаните треба
да се ослободат од кинеските мобилни телефони и да избегнуваат да купуваат
нови, предупреди литванското министерство за одбрана!
Невообичаената препорака следеше по извештајот на Националниот центар за сајбер безбедност, кој тестираше мобилни телефони од кинески производители кои имаат 5G мрежа.
Тестовите покажле дека еден од моделите на производителот „Шаоми“ има цензура прилагодена со софтвер за прислушување.
Препораката на литванските власти до граѓаните следеше во екот на тензиите меѓу двете земји. Минатиот месец, Кина побара од Литванија да го повлече својот амбасадор од Пекинг и најави дека ќе го повлече својот амбасадор од Вилнус. Конфликтот настана кога Тајван објави дека ќе ја нарече својата мисија во Литванија тајванска мисија.