18 Април, 2024
0.0233

Љубовницата на Путин и можеби првата дама на Русија го одвлече вниманието на руските избори

Објавено во: Стил 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Руската гимнастичарка Алина Кабаева, која според некои е љубовница на Путин, а според други и можна сопруга е снимена како гласа на изборите во Русија.

Русинката се појавила во елегантно издание со прстен на раката, за кој многумина сега шпекулираат дека е свршенички.

Алина (34) седнала наспроти делегатката на изборното место и го пружила пасошот, на што таа ѝ рекла: „Ве чекавме, а вие никако да дојдете…“, алудирајќи на тоа дека не се појавувала на претходните избори.

Алина потоа ја замолила жената да ја потсети како да го пополни ливчето и каде да го стави и со насмевка го напуштила изборното место. Не сакала да открие за кого гласала, но дала назнаки за кого станува збор: „Тој сигурно ќе победи“, рекла кратко, пренесува „Индекс“.

Веќе една деценија се шират гласини за нивната врска.

Во јуни минатата година почнаа шпекулациите дека Алина и Путин дури и се венчале, а постојат озборувања дека заедно имаат две деца.

Алина лани во Песаро, Италија, се појави откако беше прогласена за амбасадорка на Советското натпреварување во ритмичка гимнастика. Речиси 10 години од првите гласини дека се љубовници, 34-годишната Алина при потпишувањето на автограмите, покажа прстен. Кремљ демантираше дека Алина е првата дама на Русија, но тоа не ги стиши гласините, особено дека таа и Путин имаат деца заедно.

По нејзиното појавување со прстенот на рака, весникот „Комсомолскаја правда“ побара конечно да се открие каков е статусот на Алина Кабаева.

„Штета што нејзиниот статус не е објаснет. Секоја жена сака да биде официјална сопруга. Луѓето тоа би го разбрале“, стоело во натписот за бившата ритмичка гимнастичарка.

Путин се разведе од сопругата Људмила во 2014 година.



Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре