Љупчо Димовски со народни пари плаќал во цвеќари, златари, хотели
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2017
Луксузни хотели, ресторани низ светот и земјава, цвеќари и продавници за накит. Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски трошел за сè од службената картичка. Според ТВ 24, Димовски со државни пари платил 11.000 денари во скопска продавница за накит. Со народни пари трошел и во цвеќара, каде платил нешто помалку од 50 евра.
Службената картичка не ја штедел ниту за плаќање на телефонски сметки и полнење гориво. Во неколку наврати плаќал и во туристички агенции. Само во една туристичките агенции платил 90 илјади денари.
Но, со службената картичка, во март 2010 година Димовски потрошил приближно 15.000 денари кои ги уплатил во агенција за недвижности во Капиштец. Често го посетувал ресторанот „Оливе 1976“ каде што сметките почнувале од 10.000 денари и достигнувале и до 18.000 денари.
Посетувал луксузни хотели. Во „Радисон блу Ројал Хот“ потрошил 1.000 евра. Најчесто патувал за Русија и го посетува „Голден ринг“, каде плаќал од 1.600 до евра 3.000 евра за неколку ноќевања. Во хотел во Стокхолм платил скоро 1.100 евра, и уште 380 во друг хотел.