24 Април, 2024
0.0286

Љупчо Николовски нема да биде технички премиер, Милошоски нема коментар за МВР

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Шпекулации, бројни имиња, но и деманти. Едно е јасно, на трети јануари идната година, во зградата на Илинденска ќе влезат нови луѓе. Јавноста особено се интересира за тоа кој ќе биде новиот технички премиер, кој ќе биде предложен од редовите на владејачката СДСМ. Тој, од почетокот на идната година, па во наредните сто дена ќе седи на столчето на премиерот Зоран Заев.

Првото име што исплива на површина е она на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој секако ќе мора да ја напушти министерската позиција во внатрешни, бидејќи таму доаѓа технички министер кој ќе биде на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, согласно Пржинскиот договор.

Денеска, пак, одредени медиуми повикувајќи се на извори од СДСМ, го „исфрлија“ името на Љупчо Николовски, генерален секретар на владејачката партија и поранешен министер за земјоделство, како можен технички премиер. Наводно, помеѓу овие двајца луѓе од доверба на премиерот Зоран Заев ќе се бирал техничкиот премиер на Централен одбор на партијата.

Сепак, извори од СДСМ за Фактор демантираат дека Љупчо Николовски ќе биде новиот технички премиер. 

За тоа кој ќе го добие ова место, во партијата велат дека одлуката се уште не е донесена, како што денеска изјави и премиерот Зоран Заев.

Кој ќе биде, пак, дополнителен заменик министер за внатрешни од редовите на власта, одредени медиуми го споменаа Миле Зечевиќ, поранешен организационен секретар на СДСМ, но тој за Фактор вели дека овие шпекулации не се точни.

Одредени извори, пак, сметаат дека Оливер Спасовски ќе треба да остане во МВР како дополнителен заменик министер, бидејќи најдобро ги познава работите во секторот.

А кој ќе шефува со МВР 100 дена за време на техничката Влада, е едно од побитните прашања за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која треба да го предложи техничкиот министер. За опозицијата тој сектор ќе биде многу значаен во предизборниот период, бидејќи неговата улога е да има контрола врз работењето на Полицијата, со цел да се исклучи директен институционален притисок врз гласачите.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Фактор велат дека тоа се уште не е разговарано во партијата.

„Се уште не е разговарано за кадровски решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, како едно од можните имиња за технички министер за внатрешни работи, се споменува името на пратеникот Антонијо Милошоски. Фактор контактираше со Милошоски, но тој вели дека на ова прашање – нема коментар. Во игра се и други имиња, но се уште не се знае кој ќе седне во столчето на МВР.

Инаку, согласно договорот од Пржино, новиот технички министер ќе има право да смени повеќе началнички позиции во министерството, при што актуелните началници ќе станат заменски, а одлуките ќе ги носат заедно со новите.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП