24 Април, 2024
0.0356

Љупчо Николовски: За работен ручек на министер само 1.500 денари

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупцијата, денеска рече дека со владината одлука за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, работниот ручек на еден министер ќе може да изнесува најмногу 1.500 денари.

- 1.500 денари ќе може да потроши министер за работен ручек, а 1.000 денари заменик министер. Мора да има писмена резервација за работниот ручек со потврда и писмена информација за бројот на поканети лица, природата и целта на состанокот. Воспоставена е целосна постапка од писмена резервација до извештај зошто е закажан ручекот. Сериозно се ограничени привилегиите и се зголемува транспарентноста. Граѓаните ќе знаат на каков работен ручек бил одреден министер, рече Николовски.

Тој додаде дека истовремено во Владата се разговара за трошењата во делот на службените возила. Вели дека се  унифицирани сите правила за трошењето на основа на ревизорските извештаи во овој дел.

Владата со одлуката пред два дена ги ограни трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци, со што точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок.

 Истата има широк опфат со кој се опфатени Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците претседатели на Владата, министрите, замениците министри, генералeн секретар на Владата, заменик на генералниот секретар, државни секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата. 



Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право