29 Март, 2024
0.0272

Локалните бугарски обвинители: Не се 45, туку 44 загинати, еден од преживеаните недостасува

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Локалните обвинители од местото каде што се запали автобусот на денешната прес-конференција фрлаат нова светлина на случајот - тврдат дека недостасува едно лице, а бројот на повредени наместо седум, бил осуммина. Главната поента од денешната средба со медиумите е дека се пронајдени 44, а не 45 изгорени трупа.

Портпаролката Милева од прес-службата на локалниот обвинител тврди дека херојот Љуљзим Сулејмани сведочел дека се спасиле осум, а не седум души со кршење на задното стакло. Тој бил сигурен во неговото сведочење.

- Го проверивме списокот и треба да има 52 патници. 44 изгорени трупа се пронајдени, а во болница има само седум повредени. Херојот кој сведочеше и кој ги извлекол останатите преживеани беше категоричен дека станува збор за осум души. Во моментов не знаеме каде е осмиот, рече Милева.

И главниот обвинител Борислав Сарафов потврди дека станува збор за 44 трупа и дека случајот останува загадочен, но сепак останува простор еден од патниците на списокот да се префрлил во меѓувреме во друг автобус.

Последниот спасен ќе се чека сам да се пријави, а во меѓувреме со македонските колеги ќе се споредуваат списоците за да се утврди неговиот идентитет.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење