29 Март, 2024
0.0247

Лошите временски услови предизвикаa елементарна катастрофа кај голем дел од лозовите насади во тиквешкиот регион

Објавено во: Економија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија ги следи случувањата во лозарството и винарството во РС Македонија. Овие гранки се едни од најпогодените со кризата, но и со лошите временски услови. Винарниците се полни заради намалената продажба, додека состојбите со бербата 2020 не се ништо подобри. Имено, лозовите насади во Тиквешкиот регион се во лоша здравствена состојба, а кај голем дел од нив, на повеќе локации, констатирано е присуство на болеста ботритис, што негативно влијае на квалитетот на грозјето. Ова се наодите на истражувањето што по иницијатива на Стопанската комора на Македонија го направи Земјоделскиот институт од Скопје за состојбата на лозовите насади на неколку локации со винови насади во Тиквешкиот регион како најголем вински регион во земјата.

Истражувањето е спроведено на локалитетите: Рибарци, Манастирец, Краиште, Црвени Брегови, Дисан - Дуброво, Дисан- Салиев Брест, Дисан - Вешје, Сопот - Смолник, Сопот- Кошариште, Сопот - Курија, Ило Виларов, Белград, каде има лозови насади од сортите вранец и смедеревка.

Лошиот квалитет на грозјето на овие лозови насадиво Тиквешкиот регион, во кој се сместени 45% од вкупната површина на лозови насади во земјава, според наодите од истражувањето на Земјоделскиот институт од Скопје, се должи на обилните дождови во вториот дел од вегетацијата, како и грешки во заштитата на лозовите насади. Во одредени локалитети е утврдено оштетување на зрната од над 90%, како резултат на големото присуство на вода.

Покрај овие неповолни состојби и присуство на болеста ботритис, стручните лица од Институтот кои ја вршеа анализата утврдија присуство на гроздов молец што дополнително негативно влијае на квалитетот на грозјето на овие локалитети.

Ваквата ситуација резултира со висок принос на грозје со намалена содржина на шеќер во гроздовиот сок кај двете сорти - вранец и смедеревка. Високата инфицираност на грозјето со ботритис доведува и до голема содржина на глукани и глуконска киселина која негативно влијае на квалитетот на виното доколку ова грозје се употреби во производство во ваква состојба, се наведува во заклучоците од анализата на состојбата на терен која ја спроведе Земјоделскиот институт.

Болеста ботритис е опасна и заразна и може да предизвика контаминација како на здравото грозје, така и на винарските визби ако примаат вакво болно грозје.

Во прилог на соопштението ви ја доставуваме и „Анализата за лозовите насади во тиквешкото виногорје, берба 2020“, направено од Земјоделскиот институт на барање на Групацијата за винарство при Стопанската комора на Македонија.

           


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење