22 Септември, 2020
0.0179

Лукаревска: Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата ги исплатиле платите

Објавено во: Економија 03 Август, 2020

Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата се нашле на неа и тогаш ги исплатиле платите на вработените, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телевизија 24. 

Таа изјави дека за работодавците кои земале државна помош, а не ги исплатиле платите на вработените, ќе има кривична одговорност.

„Законот за даночна постапка како процес на еден вид присилна наплата овозможува најпрво да се поднесе опомена, но тоа не значи дека ние ќе застанеме тука. Дел од овие пари доаѓаат и од Светска банка и тие ја следат будно оваа ситуација. Владата ќе преземе соодветни чекори и оваа листа ќе ја испрати во Обвинителството и ќе има кривична одговорност. А покрај тоа што ние ќе направиме присилна наплата, во самата уредба стои дека тие пари ќе треба да ги вратат сите тие средства коишто ги зеле“, вели Лукаревска.

Владата пред неколку дена објави листа со 708 компании, кои добиле државна помош, но не ги исплатиле платите на вработените.

Имаше фирми од цела Македонија од различни дејности. 

Можеби ќе ве интересира

Ќе се гради пруга од Кичево до границата со Албанија

Ќе се гради пруга од Кичево до границата со Албанија

Грчката економија има кондиција за втор целосен карантин

Грчката економија има кондиција за втор целосен карантин

Просечната плата скокна - СДСМ се пофали дека нивните политики дале резултат

Просечната плата скокна - СДСМ се пофали дека нивните политики дале резултат

ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА НА МИЦКОСКИ И ГЛАВНА ЗА ФИНАНСИИ ВО ПАРТИЈАТА - Димитриеска-Кочоска отсега и во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА НА МИЦКОСКИ И ГЛАВНА ЗА ФИНАНСИИ ВО ПАРТИЈАТА - Димитриеска-Кочоска отсега и во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се намали ДДВ за повеќе услуги: Повисок праг за обврзниците на овој данок

Ќе се намали ДДВ за повеќе услуги: Повисок праг за обврзниците на овој данок

Топ-5 најголеми плати во Македонија: Фармацевтите пред банкарите

Топ-5 најголеми плати во Македонија: Фармацевтите пред банкарите

Македонскиот текстил во магацините во странство: Нема нови нарачки, компаниите пред банкрот

Македонскиот текстил во магацините во странство: Нема нови нарачки, компаниите пред банкрот

Колку пари прават водечките светски модни брендови на нашиот пазар?

Колку пари прават водечките светски модни брендови на нашиот пазар?

Дарежливиот газда од Охрид го следи трендот на добра заработувачка од станови во градот

Дарежливиот газда од Охрид го следи трендот на добра заработувачка од станови во градот