Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена
Објавено во: Економија 22 Септември, 2019
„Само во првите месеци од воведувањето
на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 проценти во
однос на минатата година. Податоците говорат и дека вкупната наплата на
даноци од година во година расте“, рече на денешната прес конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска, таа истакна дека мерката „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за
целите за кои е воведена – влијае на намалување на сивата економија и
враќа пари на граѓаните.
Директорката исто така, потенцираше дека заклучно со петокот, 19 септември, се скенирани околу 20 милиони фискални сметки, односно 19.905.878 .