25 Април, 2024
0.0305

Лукаревска: Не сум била на фризер, фотографиите се стари

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како "поткрепа" на оваа лага, се од 31 август 2019 година, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска, која пред неколку дена соопшти дека е позитивна на коронавирусот.

Најостро ги демантирам тенденциозните дезинформации, лаги и конструкции кои одредени лица сокриени позади лажни профили, ги шират за мене. Изминативе денови се соочувам со оркестриран напад врз мене како личност.

Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како "поткрепа" на оваа лага, се од 31 август 2019 година. Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација.
Но, пред се и над се, како човек, никогаш не би дозволила свесно да загрозам нечие здравје и да прекршам јасно пропишани закони.
Згрозена сум од непочитта и злоупотребата на било чија здравствена состојба. Но, иако за пребродување на ситуацијата во којашто се наоѓам е потребна сила и мир, нема да штедам енергија да ги демантирам сите лаги кои планирате да ги пласирате. За секоја една лага, ќе најдам и време и сила да ја разобличам пред граѓаните. Зошто граѓаните ја заслужуваат само вистината, напиша Лукаревска на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови