20 Април, 2024
0.0263

ЛУКАРЕВСКА: РАБОТОДАВАЧИТЕ НЕ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТА ЗА НАД 10 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ, доцнат платите за август

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип.

- Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави, изјави Лукаревска.

Забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат, бидејќи исплатата на плата е човечко право.

Прашана како е можно преку системот на УЈП да поминуваат плати помали од минималецот, Лукаревска со одговор дека тоа е неславно законско решение.

-Тоа е неславно законско решение за кое повеќе пати имаме поднесено иницијатива за да не се случуваат вакви неправилности. Луѓето на повисоко ниво би требало малку да го разгледаат и да го пуштиме во собраниска процедура, за да нема исплаќање на плати со еден, пет денари и да се прават континуирани корекции, посочи Лукаревска.

Истакна дека македонските фирми се даночно дисциплинирани и си ги плаќаат даноците кон државата. Последните податоци, посочи, покажуваат дека наплатата на даноците е над планот на УЈП.

-Но една страна имаме доста високи цени, кои го зголемуваат процентот на успешна наплата на ДДВ и во постојан контакт сме со компаниите и секако дека тие имаат соодветни проблеми. Меѓутоа 90 до 95 отсто од компаниите навремено ги сервисираат даноците, рече Лукаревска.

На денешната „Текстилијада“ во Штип посочи дека реагираат на претставките на работниците и на „Гласен Текстилец“ и  веднаш излегуваат на терен со Државниот трудов инспекторат. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите