Лукашенко: Се формираше нов фронт и ние тоа не можеме да го занемариме
Објавено во: Свет 26 Мај, 2022
Белорусија ја засили одбраната на границата со Украина.
Претседателот Александар Лукашенко нареди формирање нова воена команда за југот на земјата кој граничи со Украина, јави белоруската државна новинска агенција Белта.
„За жал, се формираше нова насока, нов фронт може да се каже и ние тоа не можеме да го занемариме“, кажа Лукашнко.
Претходно овој месец белоруските оружени сили соопштија дека ќе распоредат единици за специјални операции во три области на својата јужна граница со Украина.
Кога Русија ја почна инвазијата на Украина, напад беше извршен и од белоруска територија.