ЛУКСУЗ ИЛИ ПОТРЕБА: Што ќе им се на АЕК пенкала со циркони за кои ќе „фрлат“ илјадници евра
Објавено во: Економија 13 Март, 2019
Јаноста не може да поверува на она што го чита и слуша. За луксузни пенкала со циркони ќе се платат илјадници евра а дали се работи за луксузирање или реална потреба ?
Невкусни коментари по објавениот тендер на Агенцијата за електронски комуникации осамнаа во медиумите, иако од институцијата која важи за сериозна се правдаат дека вакви тендери имало и порано и дека парите се од приходи на Агенцијата.
Според проценките на АЕК 29 000 евра е сумата која палнираат да ја платат а оправдувањето за Пенкалата со светкав столб со циркони со „тач“ механизам го објаснуваат со тврдења дека годинава ќе имале многу настани,обуки, работилници на кои ќе присуствувале над 100 слушатели.
Освен пенкала со циркони, од АЕК во тендерот бараат и пенкала со УСБ, роковници, ташни, папки, поло маици, ранци, часовници, држачи за кола, како и копчиња за кошули а оваа набавка на репрезентативен материјал потенцираате дека се однесува за 2019 и 2020 годин