20 Април, 2024
0.0272

Лутовац за Фактор: Ширење лаги и афери за „Рекет“ се политички стил на Вучиќ

Објавено во: Македонија 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Аферата Рекет зема се поголем замав, не само во земјава, туку и во соседна Србија. Боки 13 е секојдневно дел од насловните страници, а последниве денови шоуменот го поврзуваат со српската опозиција. По лажните наслови, во кои Боки му се заканува на премиерот Заев, се појавија и обвинувања дека дел од парите од рекетот биле давани на српската опозиција за да оргнизира протести.

„Боки 13 им давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, А СЕ ГЛЕДАЛ И СО ЧЕДО“ – ваков наслов осамна на српски „Курир“ без да биде наведен изворот и без да се прашаат засегнатите страни. Во текстот се обвинува и македонскиот премиер Зоран Заев дека посредувал во давањето на пари на Обрадовиќ и српските опозиционери. Драган Ѓилас од Сојузот за Србија веќе најави тужби за, како што ги нарече, пропагандни гласила на Вучиќ и рече дека ваквите лаги имаат цел да ги нарушат односите помеѓу двата пријателски народи. Ова не прв пат српските медиуми да пишуваат против премиерот Заев и да го поврзуваат со српската опозиција. Фактор го контактираше и единствениот опозиционер од коалицијата Сојуз за Србија кој не е споменат во текстот на српски Курир. Го прашавме Зоран Лутовац од Демократската партија како ги коментира последните наслови кои ја поврзуваат аферата Рекет со српската опозиција.

„Не сакам да ги коментирам и да се занимавам со тие ноторни лаги. Тоа се лаги кои владините медиуми ги користат за да ја дискредитираат опозицијата. Ги гледам насловите, но не сакам да се занимавам со тоа“ – вели Лутовац.

Српскиот опозиционер вели дека опозицијата нема никаква поврзаност со случајот Рекет, а во однос на тврдењата кои се појавуваат во медиумите, вели дека се дел од оркестрираната политика на претседателот Александар Вучиќ.

„Само да ви кажам една информација, во првите шест месеци оваа гоДина, вкупно имаше 419 лажни вести на насловните страници на четири таблоиди во Србија. Само на насловните страни, а можете да замислите коилку ги имаше и внатре во текстовите. Затоа јас не се занимавам со таквите пишувања. Знам дека тука има политичка заднина и затоа едноставно ги игнорирам. А тоа се ноторни лаги, тоа нема врска со опозицијата. Ова е инструмент за плашење на опозицијата и политичките противници. Оваа власт го прави тоа уште од 2013 година. Веќе седум години го прават истото, шират лажни вести, продлабочуваат афери и тоа им е дел од политичкиот стил и политичката комуникација. Ова е погубно за политичката култура во Србија“ – вели Лутовац.

Во телефонскиот разговор, Лутовац нагласи дека проблемот со дезинформирањето на јавноста покажува дека во Србија нема услови за организирање фер и демократски избори, а без такви услови не може да се оди на избори. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители