Мадуро е спремен да прифати договор, но под кои услови?
Објавено во: Свет 11 Август, 2019
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро изјави дека власта е спремна на „постигнување договор“ со опозицијата и покрај замрзнувањето на преговорите пред три дена.
Мадуро покажа подготвеност за „дијалог, постигнување договор, но со почитување на Венецуела“.
„Верувам во политички, општествен и економски дијалог, бидејќи верувам во зборот“, кажа Мадуро синоќа на собир во Каракас на кој беа осудени најновите американски санкции против Венецуела.
Мадуро пред три дена поради новите американски санкции го откажа учеството на делегацијата на владата на преговорите со претставниците на опозицијата на Барбадос, во обид да се реши политичката криза во земјата.
Венецуела со месеци минува низ длабока политичка крза поради борбата на претседателот Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо кој сам се прегласи за привремен претседател на државата и кого го признаа 50-тина земји, предводени од САД.
Земјата се соочува со сериозна економска криза која дополнително е влошена од американските финансиски санкции воведени во обид за симнување на Мадуро од власта.