МАДУРО СЕ ОБРАТИ СО ПИСМО: Toj побара САД да ја сопрат агресијата против Венецуела
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2019
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ја критикуваше воинствената реторика на Вашингтон кон неговата земја, во отворено писмо упатено до американскиот народ.
Тој објави фотографија од писмото на својот профил на Твитер, велејќи дека тоа ќе биде доставено до Белата куќа, барајќи почитување на „неотуѓивото право на Венецуела на мир“.
„Венецуелците се подготвени да „продолжат да бидат деловни партнери“ со САД, додека политичарите во Вашингтон се подготвени да ги испратат „синовите и ќерките“ на својата земја да умрат во апсурдна војна“, пишува Мадуро.
Во писмото Мадуро ги критикува агресивните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп против него - дека Мадуро е нелегитимен диктатор, како и навестувањето воена интервенција.
Мадуро го обвини Трамп за „попречување на иницијативите за благороден дијалог“, кои беа промовирани од Уругвај и Мексико и поддржани од Карипската заедница (КАРИКОМ). Тие имаат за цел „мирно решавање и дијалог поволни за Венецуела“.
Toj побара САД да ја сопрат својата агресија против Венецуела, вклучувајќи и обиди за „задушување на нашата економија“ и „сериозни и опасни закани за воена интервенција“.