04 Август, 2020
0.0457

Магична еуфорија во Скопје Мериот хотел и Дистрикт бар и ресторан

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2019

Новата година тивко тропа на нашите врати. Полека, но сигурно се збогуваме со старата, а ќе ѝ посакаме добредојде на онаа што доаѓа, па затоа почнуваме да се прашуваме каде најдобро да ја прославиме оваа вечер. Одговорот на тоа прашање е прилично едноставен. Скопје Мериот хотел и Дистрикт Бар и Ресторан се овде за да ја направат оваа вечер магична. Дали Вашиот избор е да прославите со семејството, со пријателите или со колегите, нивната понуда ќе ги исполни сите очекувања!


За подобро да се подготвите за дочекот на Новата Година, Дистрикт Бар и Ресторан подготви уникатни предновогодишни забави за целосно да ѝ се препуштите на магијата.Како подобро да ја искусите магијата на празниците ако не со добро познатите Божиќни пецива, куќички од ѓумбир и рачно изработени чоколади? Божиќниот панаѓур на Дистрикт Бар и Ресторан е катче кое ќе го разбуди празничниот дух.

Уживајте во празничната сезона со пријателите или колегите со корпоративните пакети на Дистрикт Бар и Ресторан кои нудат менија што се во пресрет на Вашите желби. Скопје Мериот хотел пак, нуди сребрено, златно и премиум мени со селектирани пијалаци или пак сребрена и златна бифе вечера.

Дистрикт Бар и Ресторан, од 27ми до 31ви декември, започнува со денските и вечерните предновогодишни забави со бендови во живо и диџеи. Секој ден, почнувајќи од 20.30 часот до полноќ, а во понеделник и целодневна забава од 14.00 часот до полноќ, Дистрикт Бар и Ресторан ќе се потруди да ја разбуди празничната магија.


Како и секоја година, така и оваа, Новогодишната забава во Скопје Мериот хотел е тематска. „Светкавата Новогодишна забава“ е годинешната тема со која ќе се засили Новогодишниот дух.Ringtones и Balkan Show со Горан Павловски ќе бидат тука за да ја направат забавата уште поспектакуларна, а цената на картата со шведска маса и неограничени, одбрани пијалаци е 3200 денари. Подгответе сè за магична, светкава забава што засекогаш ќе ја паметите.

Дочек на Новата година нуди и ресторанот Дистрикт. Овде, гостите ќе ги забавува бендот „No End“ а цената изнесува 1300 денари по лице. Во цената е вклучена шведска маса, додека пијалаците се a’la carte. Ви ветуваме забава која ќе остане во Вашите сеќавања засекогаш!


Утрото по Нова Година се подготвува спектакуларен доцен појадок во Скопје Мериот хотел во големата сала за свечености, каде може да се ужива во прекрасните класични звуци на традиционалниот Виенски концерт! Мериот нуди избор на свежо приготвени јадења, вкусни божиќни пецива и сезонски зеленчук и овошје.

Започнете ја годината уникатно и незаборавно со Скопје Мериот хотел и Дистрикт Бар и Ресторан.Повеќе информации и резервации на: 02 510 2510


Можеби ќе ве интересира

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

45 години икона: Porsche 911 Turbo

45 години икона: Porsche 911 Turbo