26 Април, 2024
0.0254

МАЈА БАБИЌ, ЧЛЕН НА ХУМАНОТО ДВИЖЕЊЕ „ПРОДОЛЖИ ПОНАТАМУ“.- Направи добро дело без да бараш ништо за возврат

Објавено во: Стил 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

„Продолжи понатаму“ функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. Утре, од 10.30 во Градскиот парк на Школка, со пикник ќе се обележи светскиот ден на ова хумано движење

Утре е меѓународниот ден на „Продолжи понатаму“, или „Pay It Forward“, светско хумано движење кое функционира на принципот- Продолжи понатаму да правиш добри дела. Функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат. Единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. Во светот во кој лошите вести и молбите за помош на социјалните мрежи ни станаа секојдневие, оваа акција втора година по ред функционира и во Македонија, по иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje. Една од тие хумани жени е и Маја Бабиќ, менаџер на настани од „Баги комуникации“. За Женски магаизн, Маја го најавува утрешниот настан на Продолжи понатаму, кој ќе се одржи од 10.30 до 13 часот, како пикник во Градски Парк на Школка, и раскажува за целта на ова движење- да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

Женски магазин- Раскажете ми генерално за акцијата Pay it forward, што претставува, од каде потекнува, кој ја создал и од кога функционира во Македонија?

Маја- Иницијативата за Pay it Forward или Продолжи Понатаму е инспирирана од истоимената книга на Catherine Ryan Hyde, а подоцна е снимен и филм во режија на Mimi Leder со Kevin Spacey во главната улога. Движењето го иницира Blake Beattie во 2007 година со само неколку поддржувачи, а денес тоа е распространето во 85 земји во светот, меѓу кои, по заложба на Inner Wheel Club Skopje Europea, по втор пат годинава се случува и во Македонија.

Целото интервју на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти