29 Септември, 2024
0.0254

Мајк Зафировски вработува во Македонија за своите компании во САД

Објавено во: Економија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Познатиот светски бизнисмен со македонско потекло Мајк Зафировски својата најнова дејност ја регистрираше во родната Македонија преку која ќе вработува млади работници за потребите за своите компании во САД.

Заф Гроуп на родениот скопјанец и основач на Македонија 2025 ја основаше ТЗГ Еуропе во Македонија, а според огласот, се бараат млади финансиски аналитичари кои ќе работат од далечина за семејството компании на Зафировски.

„ТЗГ Еуропе дооел е најновата членка на семејството на компании Заф Груп. Тоа е новиот локален центар за млади таленти во разновидно портфолио на индустрии (лесно индустриски, потрошувачки и ИТ производи и услуги). Вработуваме локално во нашите канцеларии во Скопје за различни работи од далечина за компании со седиште во САД кои се дел од групацијата“, се вели во огласот кој се уште е отворен.

Зафировски високото образование го стекнал на универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија каде и докторирал. Кариерата ја започнал во американската компанија „Џенерал Електрик“. Извршувал високи менаџерски функции во повеќе големи светски компании како „Боинг“, „Моторола“, „Нортел“, а едно време бил  советник на американскиот претседател Џорџ Буш за безбедност во телекомуникациите и технологијата. Сега е висок советник во „Блекстоун Груп“, а вели дека е клучниот човек со своите контакти во доаѓањето на Кемет електроникс како странски инвеститор во Македонија.

Зафировски заедно со повеќе други бизнисмени од дијаспората е основач на организацијата „Македонија 2025“,која има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Макеоднија. Целта на оваа мисија е Македонија во 2025 та година да биде многу блиску со својот БДП до развиените земји во Европа. Организацијата„Македонија 2025“е основана во 2007 година во Краун Поинт, Индијана, а канцеларија во Скопје е отворена во 2011 година.

Концептот е замислен, покрај инвестирањето, членовите на Македонија 2025, кои се група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси кои имаат македонски корени и живеат во САД, Канада, Европа и Австралија, да им нудат и менторства и пристап до пазарите на македонските претприемачи.

„Би сакале да ве информираме дека организацијата Македонија2025 е организација со примарен фокус на економски и лидерски развој. Ние сме меѓународен, независен, неполитички „think & do tank“ основан во 2007 година од македонски иселеници, меѓу кои и г-динот Мајк Зафировски. 

Сепак, деловните активности и/или лични инвестиции на г-дин Зафировски (или билокои од останатите ко-основачи) не се дел од работата на нашата организација и токму затоа не сме во можност ниту надлежни да одговориме на вашите прашања“, гласи одговорот од Македонија 2025 кои го добивме на прашањето за тоа поконкретно каква ќе биде дејноста на новоформираната компанија на Зафировски.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?