Мајката очајна, надлежните не помагаат: На малата Христина која живее со „синдром на свеќа“ и треба голема помош од нас
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
12 годишната Христина Митревска е единствена во Македонија и една од десетина деца во светот која боледува од синдром на свеќа. Станува збор за ретка болест, која се манифестира со чести трески, висока температура, осипи на кожата и застој во развојот.
„Во однос на дијагнозата ни објаснија дека девојчето е со ризична болест и ако не се лекува навреме може да дојде до тешки оштетувања на органите. Секој родител би стравувал. Да не е никој во моја кожа. Јас си знам како се справувам. Толку години да се соочуваш со ваква болест е многу тешко, затоа што си го гледаш своето дете како се мачи, со какви болки се справува, а ти не можеш да му помогнеш.“ - вели Катица Митревска – мајка на Христина, за 24.мк.
Христина и нејзината мајката девет години талкале низ македонските болници, без да може да добијат дијагноза. Болеста конечно и била дијагностицирана во Америка каде добила и покана за бесплатна експериментална дијагностика во клиника во Вашингтон. На секои три месеци треба да оди таму. Лекувањето и го покрива Америка, но патот и престојот семејството треба само да си го плати. Досега со помош на кредити и позајмици успевале да ги покријат трошоците, но семејниот буџетот е исцрпен и единствена надеж сега им е хуманоста на граѓаните.