28 Март, 2024
0.0234

Мајкл Даглас ќе открива споменик во Белград

Објавено во: Стил 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Американскиот актер Карл Малден на 14 јули ќе добие споменик во „Југословенската кинотека“ во Белград, бидејќи неговиот татко е Србин од БИХ и потекнува од селото Подосоје, крај босанскиот град Билеќа. Тој се преселил во Чикаго, каде што е роден познатиот актер, чие вистинско име е Младен Секуловиќ. 

На откривањето на споменикот ќе присуствува ќерката на Малден со нејзиното семејство. Белградскиот весник „Српски телеграф“ пишува дека споменикот ќе го открие актерот Мајкл Даглас, кој допатува во Белград специјално за тоа.  Даглас изјавил дека е почестен од поканата да го открие споменикот велејќи дека Малден имал пресудено влијание врз неговата актерска кариера. Не се знае дали со него ќе допатува неговата сопруга Кетрин Зета Џонс. 

Малден е роден на 22 март 1919 година во Чикаго, Во текот на својата кариера има настапувано во над 60 филмови и серии, а добитник е и на Оскар за споредна машка улога во филмот „Трамвајот наречен желба“. Почина на 1 јули 2009 година во Лос Анџелес. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи